Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Две лица беа уапсени откако 36-годишна жена беше пронајдена жива закопана на гробишта во Бразил.
Жртвата, мајка на четири деца, е претепана и извлечена од нејзиниот дом од страна на напаѓачите на 28 март и оставена во гроб на општинските гробишта Висконда до Рио Бранко во југоисточната држава Минас Жераис.
Таа преживеала под земја 10 часа пред гробари да забележат свеж цемент и крв во близина на гробот. Нивните сомнежи се потврдија кога од внатре слушнаа жена како плаче и повикува помош.
Граѓанската полиција на Висконда до Рио Бранко одржа прес-конференција во вторникот на која го објави апсењето што се случи во општините Сао Хералдо и Висо.
Шефот на полицијата Диего Кандиан изјави дека неименуваните обвинети, на возраст од 20 и 22 години, планираа да побегнат во Рио де Жанеиро по нивното страшно злосторство.
Жената ѝ кажала на полицијата дека била нападната откако погрешно ставила дрога и оружје што ги чувала за нив во нејзиниот дом.
И двајцата млади лица претходно беа уапсени под обвинение за трговија со оружје и дрога. Тие ќе бидат задржани во истражен затвор до 30 дена.
Властите трагаат по трет осомничен.
– Се уште има поединец кој е во бегство – изјави началникот на полицијата Даглас Мото.
На 28 март, осомничените упаднааво нејзиниот дом и го нападнаа нејзиниот сопруг, кој успеа да побегне.
Потоа ја претепаа и ја однесоа жената на гробишта и ја ставија во гроб.
Жената забележала дека е заробена во гробницата откако се освестила.
Работниците на гробиштата ги слушнаа нејзините слаби извици за помош и веднаш повикале полиција пред екипите на итната помош да ја извлечат.
Жената здоби повреди на главата и раката, изјави директорот на болницата Жоао Батиста, Хенрике Слејд за бразилската новинска агенција Г1.