Хорор во Берлин: Камион влета на панаѓур и почна да гази луѓе – 12 мртви (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бројот на загинатите во нападот во Берлин се искачи на 12. Три лица, доцна синоќа им подлегнаа на повредите, кога камион вчера вечер влета во божикен маркет.

Полицијата истражува како каминот со полски регистрации влегол во Германија. Се претпоставува дека тој е украден во Полска и внесен во Германија за да се изврши нападот. Во соработка со полската полиција, засега откриено е дека камионот му припаѓал на градежно пртпријатие од Варшава. Полицијата апелираше до граѓаните да се воздржат од објавување на видео снимки од нападот и да останат во своите домови.

Упасени се и четири лица за кои полицијата се осмнева дека го организирале нападот. Во камионот не бил принајден експлозивен матерјал.

Властите се претпазливи во односот кон јавноста и избегнуваат да кажат дека се работи за терористички акт иако се упатува на такво нешто. Медиумите, пак, апелираат да не се создава паника и упатија до граѓаните да се воздржат од излегување на улиците.

Нема шанси ова да не е тероризам. Камионот без кочење влета во топлата луѓе, коментираат сведоци на ужасните сцени што потсетуваат на терористичкиот напад во Ница оваа година кога, исто така, камион влета во маса народ при што однесе 80 човечки животи.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од настанот. Засега нема информации за идентитетот на жртвите, полицијата порача дека ситуацијата е под контрола. Еден од напаѓачите е уапсен на 100-тина метри од возилото, совозачот загина на лице место.

Луѓето вриштеа, фрлија се што носеа со себе и очајнички се обидуваа да го избегнат движењето на камионот. Не знаевме што се случува. Камионот само сврте кон масата луѓе. Видов како се движи низ саемот, под неговите тркала останаа неколку лица. Ситуацијата беше луда, полицијата брзо пристигна и ги евакуира посетителите на Божиќниот саем, раскажува сведок на немилиот настан.

Германската полиција за агенцијата ДПА потврди дека овој чин го третира како терористички напад. На граѓаните им е советувано да останат во своите домови.

Камионот бил регистриран на фирма во Полска. Нејзиниот сопственик го изнајмил на двајцата возачи со кои, за германските медиуми, изјави дека загубил контакт по 16 часот попладнето.

Според последните информации кои ги пренесуваат западните медиуми, возачот на камионот убиец е бегалец од Авганисан или Пакистан, пристигнал во Германија во февруари, објави BBC, повикувајќи се на агенција ДПА, која цитира свои извори од германските сили за безбедност. Исламската држава  синоќа, ја  презеде одговорноста за нападот  во германската престолнина .

Од полицијата  на социјалната мрежа Твитер соопштија дека возачот е задржан. Органите на редот информираа и дека сувозачот , кој загина од повредите е Полјак.

Портпаролот на полицијата во Берлин  рече дека осомничениот, за кого се претпоставува дека го  возел камионот бил запрен од полицајци на околу 2 км од местото на трагедијата и бил испрашан.

12 лица загинаа, а 48 се повредени, четворица од  нив се со тешки повреди, велат последните податоци.  Нападот се случи во пешачка зона на плоштадот Брајтшајдплац крај меморијалниот црква Кајзер Вилхелм во западниот дел на градот.

Според податоците на полицијата натоварен со железа камионот газел луѓе 80 метри движејѓи се во пешачаката зона на панаѓурот . Очевидци сведочат дека прво удрил во  една од тезгите.

Камионот,како што веќе соопшти локално.мк , е регистриран во Полска и е сопственост на полски бизнисмен – Ариел Журавски, кој потврди дека неговиот возач го немало и тој немал контакт  со него од 16 часот, непосредно пред нападите во понеделникот.