Хорор во Белград: 14-годишен ученик уби осум ученици и наставничката по историја, па сам повикал полиција – си имал список кого да убива


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


14-годишниот Коста Кецмановиќ утрово уби најмалку осум деца во престрелка што се случила во училиштето „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар. Како што пренесува Нова.рс, тој прво пукал во чуварот, кој се обидел да го запре и да му го земе оружјето.

Потоа почнал да пука по случаен избор. Тој прво пукал во три лица во училишниот ходник, а потоа упаднал на часот по историја и продолжил да пука. Испукал најмалку 15 истрели од два шаржери.

„Сакал да ја спречи трагедијата, која ќе беше уште поголема ако тој не застанел пред момчето што пукало. Децата се под стрес. Училиштето е затворено. Вакво нешто не е забележано во историјата на Белград“, изјави Милан Недељковиќ, претседател на општината Врачар.

Родител што дал изјава за Новости рекол дека неговиот син ги слушнал истрелите.

„Излегол надвор и мислел дека се петарди и кога сфатил, истрчал да ја спаси својата помала сестра“, вели тој.

„Тогаш убиецот веќе пукал неконтролирано и овој упаднал во одделението каде што била сестра му за да ја спаси и учителката му кажала Не трескај глупости, излегувај. Тој бил решителен и ѝ рекол на сестра си – не, ти доаѓаш со мене – и така ја извлекол сестра си. И тогаш сите почнале да бегаат, бидејќи сфатиле што се случува.“

„Дотрчав тука и не знам што се случува“, рекол човекот, кој целиот се тресел.

„Таткото на едно од девојчињата упаднал во училиштето и ги видел мртвиот чувар и две девојчиња како лежат една врз друга. Страшно, не ми се верува.“

Нова.рс го пренесува сведочењето на девојче што било сведок на пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

„Почна неконтролирано да пука, во рацете држеше два шаржери, прво пукаше во наставничката по историја, а потоа продолжи понатаму. Уби двајца наши другари, јас легнав врз нив, за да помисли дека сум мртва. Излезе од училницата, и натаму се слушаа истрели. Кога станав, го видов Драганче мртов“, раскажало девојчето.

Како што објаснила, ученикот што пукал учел со неа во одделението, пренесува Нова.рс.

Претставник на српското МВР рече дека делото било однапред испланирано. Милиќ на јавноста ѝ покажа и список што го составил самиот Коста, а на кој се наоѓаат имињата на децата што планирал да ги убие.

„Ова е планирано веќе еден месец. К.К. долго време го планирал, не го откри мотивот. Го зел огненото оружје од станот на татко му и го донел со четири молотови коктели. К.К. имал скица од училиштето и список на деца што планирал да ги ликвидира. Самиот направил план на влезот и излезот од училиштето и поставил приоритетни цели. Обележал кого од кој клас ќе го ликвидира со бројки“, рече Милиќ.