Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ќерка на Василиј Зајчев, украинскиот тајкун и директор на локална енергетска компанија, дваесетгодишната Алиона Зајчева, со својот џип Лексус смртно покоси група луѓе во украинскиот град Харкив. Во несреќата животот го изгубија пет лица, а десетици со тешки повреди завршиле на клиника.
Алиона првин поминала на црвено светло, а потоа удрила во возило од марката Туарег, по што од силината на ударот нејзиниот џип се превртел и удрил во група луѓе кои стоеле покрај патот. Таа останала неповредена, а веднаш по несреќата на самото место дошле две возила со вооружено обезбедување, кои ја штителе Зајчева од разбеснетите сведоци на настанот.
Според украинското министерство за внатрешни работи, во несреќата загинале пет лица, помеѓу кои и петнаесет годишно девојче, а помеѓу тешко повредените кои се борат за живот имало и трудница во седмиот месец на бременоста. Алиона не била под дејство на алкохол и и бил одреден тридневен притвор. Украинсите блогери јавно изразуваат загриженост дека младата наследничка може да биде ослободена иако поминала на црвено, бидејќи татко и е еден од најбогатите луѓе во Украина.