Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На улиците од бразилскиот град Сао Пауло вооружен маж нападнал неколку мајки кои ги носеле на училиште своите деца, обидувајќи се да ги ограби жените за кои претпоставил дека ќе бидат беспомошни во неговото разбојништво.
За негова несреќа, а за среќа на мајките, меѓу нив се нашла и една припадничка на воената полиција, која иако не била на должност, со себе го носела службениот пиштол. Катја да Силва Састре (42), кога ја почувствувала опасноста, посегнала по оружјето и со три куршуми го застрелала напаѓачот.
„Не знаев дали тој ќе почне да пука кон децата или кон некоја од мајките. Дејствував онака како што ме научи државата додека одев на обука“, рекла полицајката со 20 годишно искуство, која за своето дело добила награда од воената полиција.