Хорор од 6,6 степени по Рихтер во Италија: Планина распука на половина како да е од стакло


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ловџии беа заглавени на планината додека сè наоколу се тресеше. Луѓето немоќно гледаа како тлото околу нив почнува да се расцепува под силината на потресот

На половина се расцепи дел од планинскиот масив во централните делови на Италија при ударот на последниот силен земјотрес кој беше со јачина од 6.6 степени според Рихтеровата скала. Тоа се гледа од снимката што ја направија група италијански ловџии кои рано утрото во неделата биле во планинските предели и снимале во мигот кога удрил силниот потрес.

Од снимката се гледа како сè наоколу се тресе, а ловџиите почнуваат и да викаат од страв.

Според италијанските медиуми планината Монте Веторе се расцепила на половина од силниот потрес. Сè уште не се знае колку е длабок процепот, а воедно има и стравувања дека е можно да се појави и лизгање на земјиштето.

Во последните 40 години тоа е најсилен земјотрес на подрачјето на Италија. Тој беше со јачина од 6.6 степени според Рихтеровата скала. Голема среќа е што удри во планински предели кои се малку населени, па и покрај разурнувањата, немаше ниту еден загинат. Регистрирани се само 20 повредени лица.