Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двајцата планинари кои беа пронајдени мртви под врвот Кајмакчалан, на планината Ниџе, биле дел од група планинари со организирано качување на врвот кои се соочиле со сериозни проблеми и ужасни услови за време на потфатот.
Групата од неколку луѓе кои го искачувале врвот против имале разорен ветер од 150 километри на час и температура од минус 20 степени. На Инстраграм беше споделена снимка од искачувањето на планината.
28-годишната Калина Велевска заедно со уште еден планинар, 35-годишниот Александар Миновски, загинаа по бурата која ги зафатила на планината Ниџе. Најверојатно, од силниот ветер паднале во дол по што на лице место починале.
Со помош на хеликоптер, 3 возила и 13 лица од службата за спасување, двете тела се извлечени и однесени во болница каде е констaтирана смрт.
Фото и видео: Инстаграм (vlado_ftw)