Хорор како на филм: Во Боливија по улици собираат починати од коронавирус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Боливиската специјална полициска единица во изминатите пет дена отстранила 420 човечки тела од улица, од автмобили и напуштени станови од Ла Паз и најголемиот град во Боливија, Санта Круз, извести Асошиејтед Прес.

Полицискиот полковник Иван Рохас, началник на оваа специјална полициска единица, изјави дека се претпоставува дека 80 до 90 проценти од пронајдените починале како резултат на Ковид-19.

Според боливискиот Институт за форензика, од 1 април до 19 јули специјализираните служби пронашле вкупно 3.016 тела на улиците кои се најверојатно жртви на смртоносниот вирус.

Заклучно со вторникот на полноќ, во Боливија официјално потврдени се 60.991 случај на Ковид-19 и 2.218 починати од ова заболување.