Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
41 годишниот Германец, Абу Марван, во градот Михалкар, ја заклал својата сопруга оти не му го давала синот, па целиот крвав се вклучил на Фејсбук и им порачал дека сите жени ќе ги снајде истото ако не ги почитуваат своите мажи.
Во видеото, тој тврдел дека ја убил својата сопруга – од кого била разведена – откако била исфрлена од куќата кога ја посетила за да го реши проблемот.
„Здраво, јас сум Марван. Само што бев кај жена ми. Таа ме исфрли од куќата, а јас барав син ми да живее со мене. Таа одби да го стори тоа и сакаше да ме пријави на социјалните служби. Тогаш го земав ножот и ја удрив 3-4 пати. Дали е мртва или жива, не знам. И еве го мојот син. Тој сака да живее со мене. Само сакам да живеам со моите деца. Јас не сум криминалец, но ако некој не дозволи да живеете во мир, треба да направите исто што и јас“, рекол во видеото Марван.
Тој на своите пријатели на Фејсбук им објаснил дека тоа го сторил тоа за да испрати порака до сите жени што си играат со своите сопрузи, велејќи „Овака и Вие ќе завршишите“.
Марван, кој по потекло е од Сирија, е обвинет дека пет пати ја пробол во вратот својата 37-годишна сопруга. По убиството тој истрчал со својот 12-годишен син, а потоа се вклучил на Фејсбук во живо.
Полицијата го уапсила Марван во Карлсруе кратко време откако избегал од местото на злосторството во Михалкар. Тој побарал од корисниците на Фејсбук да го споделат неговото видео во живо.