Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Утринава околу 3 часот и 30 минути, по семејна расправија, сега починатиот Б.Л. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.Л. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти, па скокнал од покривот.
Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 26 годишната ќерка и 13 годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи.
Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција. Во тој момент, таткото се искачил на покривот од семејната куќа и од висина од околу 6 метри скокнал при што починал на лице место.
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи.