Хорор и геноцид: Алепо е град на духови – видео од пеколните лузни на војната


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Падот на Алепо е клучен за војната во Сирија бидејќи со него силите на сирискиот режим се охрабрени да се обидат да ја вратат контролата врз целата држава, а бунтовниците добија удар од кој нема да можат да се повратат, пишува Франс Прес.

Не требаше долго да се чека на почетокот на бруталните одмазди. ОН известува дека провладините сили влегуваат во домовите на цивилите во источно Алепо и ги убиваат на лице место, вклучувајќи жени и деца.

Канцеларијата на ОН за човекови права изјави дека има докази дека на четири места во источно Алепо се убиени 82 цивили. Нивниот портпарол изјави дека изгледа дека се случува целосен распад на човештвото во Алепо.

Воените акции во источно Алепо завршија, објави рускиот амбасадор на Обединетите нации. Виталиј Чуркин и трупите на сирискиот режим ја вратија контролата на последните области од градот кои претходно беа под опсада од бунтовниците.

Зборувајќи на итна сесија на Советот за безбедност на ОН во вторникот, Чуркин изјави: Според најновите информации кои ги добивме во изминатиот час, воените акции во Алепо завршија.

Цивилите можат да останат или да одат на безбедни места, може да ги искористат хуманитарните договори кои моментално се спроведуваат. Никој нема да им наштети на цивилите.

Бунтовниците се очекува да заминат денес, а како што пренесуваат медиумите, тоа може да биде последен удар кој ќе ги уништи нивните изгледи за симнување на Башар ал-Асад од власт.

Последниот развој може да стави крај на повеќе од четири години битки за градот, кој е разоруван од граѓанската војна од 2012 година.

Доколку паравоените сили кои се лојални на Асад повторно го опколат целиот град, што се чини веројатно, тоа ќе биде најголема победа на сирискиот претседател во повеќе од шест години војна.

Јавувањата за примирјето доаѓаат откако Обединетите нации јавија за масовни убиства на провладини сили денеска, со грижи за безбедноста на цивилите, откако војниците наводно влегле во домовите и убиле голем број цивили во текот на нивното напредување на бунтовничката територија.

Градот, измачен од петгодишната војна, е само пуста руина, морничав град на духови во кој диминира мирисот на смртта. Новинари на Раша тудеј успеале да влезат во едно од предградијата, односно она што останало од него. Урнати згради, сивило измешано со шут – ќе минат децении пред овој сириски град да се врати во нормала, како и да заврши војната.

Луѓето кои живееја и работеа тука си заминаа. Останаа само војниците, вели новинарот кој шета по пустите улици.