Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Здружението за заштита на правата на угостителите „Хорекаши” апелира дека поради принудното затворање на угостителските објекти заради пандемијата на коронавирусот, овој сектор не само што не можеме да обезбеди никакви приходи од основната дејност, туку со секој час трупа трошоци и долгови кон државата, вработените, кириите и режиските трошоци.
Најголемиот дел од бизнисите во угостителската дејност кои што подразбираат ресторани, кафулиња, барови, чајџилници, слаткарници, пабови, ноќни клубови во основа се микро, мали и поретко средни бизниси. Но, оваа индустрија учествува со десетици илјади вработени во пазарот на труд.
Од друга страна, угостителите како и сите останати чинители во економијата, сакаат да се адаптираат на новата реалност и да се подготват за времето по КОВИД – 19 кое со сигурност ќе донесе нови предизвици. За таа цел, бараме државата да посвети сериозно и должно внимание на нашите проблеми, затоа што, да не заборавиме дека угостителството е и гранка во која што работат најмногу млади и студенти кои во недостиг на други можност, единствената економска активност на пазарот на труд ја имаат во овој бизнис.
• Субвенционирање на минимална бруто плата за вработените, во периодот додека траат превентивните мерки.
• Одложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните 6 месеци.
• Промена на регулатива на НБРМ со цел замрзнување на обврски по кредити и камати како и други доспеани обврски кон банките до завршување на кризата.
• Времена промена на регулативите на НБРМ за зголемување на рамковни кредити, револвинг и други дозволени пречекорувања, како и отворање на кредитни линии со субвенционирана камата.
• Да не се применува Законот за финансиска дисциплина во наредните 3-5 месеци
• Одложено плаќање на сите режиски трошоци до завршување на пандемијата
• Да не се исклучува поради неплаќање вода, струја и други основни услуги
• Да не се наплаќа персонален данок и ДДВ за кириите
• Ослободување од трошоци за ЗАМП
• Во координација со локалната самоуправа, да се договори модел на ослободување на надоместок за користење на терасите на угостителските локали
Остануваме посветени да бидеме дел од решението на овој проблем и сите заедно да најдеме начин да се справиме со последиците од смртоносниот вирус. Угостителите ја разбраа својата граѓанска должност и сите послушно и солидарно ги почитуваат мерките. Не бараме пари, бараме мораториум на нашите обврски и разбирање за новонастаната ситуација.
Членки на Здружението ќе ги донираат залихите од храна и пијалаци за здравствениот систем и институциите
Здружението “Хорекаши” е ќе организира волонтерски акции и нуди на државата по однапред утврден безбедносен протокол да ги донира своите залихи на храна и пијалаци. Ние разбираме дека е еднакво важно во борбата со КОВИД да се исклучиш од останатите, но да се вклучиш со свој придонес и решение.
“Никој не знае уште колку храна и пијалаци ќе можеме да увеземе или да произведеме, ова е неизвесно време. Ние имаме семејства и разбираме дека заедничкото делување ќе му помогне на секој од нас и на сите нас заедно. Членките на “Хорекаши” се подновени да ги донираат во секој момент своите залихи на храна и пијалаци”, велат членовите на “Хорекаши”.
Угостителите од Македонија со цел подобро застапување пред институциите за реформи во областа на угостителството во 2017 година, 200 од нив се здружија и го оформија првото независно здружение на угостители, “Хорекаши”, чија што цел е да се подобрат условите за работа на угостителските објекти, како и да се работи на подобро застапување на угосителите пред Економско-социјалниот совет во Владата.
Преку консултации со угостители од целата држава, здружението “Хорекаши” обезбеди поддршка од повеќе од 1.000 угостителски објекти кои се приклучуваат на оваа иницијатива.