Холивудско деби на Меси во САД: Погледнете ги реакциите од Серена Вилијамс и Дејвид Бекам на неговиот прв фантастичен гол


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лионел Меси го одигра својот прв натпревар за својот нов клуб, Интер Мајами, а преполниот стадион беше импресиониран од вештината со која Меси му донесе победа на Интер по долго време и тоа во завршните минути од натпреварот.

Сите коцки се наместија за дебитантскит настап на Меси за Интер Мајами да биде вечер за паметење, за историјата: преполн стадион, иглата немаше каде да падне, куп познати, славни личности, на крајот победата во Лига купот, иако тоа е најмалку важно како во споредба со спектакуларниот старт на Меси во дресот на Интер.

Се играше 93. минута, Интер доби слободен удар на дваесетина метри од голот, резултатот беше 1:1… И тогаш – Меси! Голем. Најголемиот. Неповторлив. Кратко трчање, шут, топката оди преку „ѕидот“, удира во горниот десен агол од голот на гостите. Голманот само со парадата го подобри моментот.

Стадионот е во делириум. Пиротехниката експлодира. Сопственикот на клубот се држеше за глава. Тоа е, на САД им се случи Меси.

Меси го започна мечот од клупата, влезе во 54. минута наместо 18-годишниот Бенџамин Кремаши и тогаш навистина почна играта за сите кои дојдоа на трибините. Сè дотогаш беше исчекување. А некои, дебело платија за билетите за да го видат најголемиот на сите времиња. Или барем еден од најголемите

Косопственикот на Мајами, легендарниот Дејвид Бекам, беше вон себе од среќа.

Ова е историски момент за оваа земја, за оваа лига и историски момент за нас“, изјави славниот Англичанец по натпреварот.

„За него доаѓањето овде беше животен избор за него и за неговото семејство, но тој рече дека доаѓа овде да игра и да победи. Така почна“, изјави тренерот на Мајами, Херардо „Тато“ Мартино.