Холивудските ѕвезди навлечени на македонските органски сапуни Fedor


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Опра, Џенифер Анистон и Колин Фарел користат органски сапуни од Македонија. Изработени од органско козјо млеко и масла, без пестициди или хемикалии, сапуните „федор“ минатата година станаа дел од луксузните кошници со подароци на доделувањето на наградите „Златен глобус“.

15-11-fedor-sapuni

Сапуните „федор“ можат да се купат и во Македонија, преку личен контакт со производителите, или да се нарачаат на социјалните мрежи. Чинат 200 денари.

„Изработката на сапуни за семејството и пријателите, пред неколку години премина во бизнис. Традиционалниот семеен рецепт е идеална мешавина од ладно цедени масла и билки и органско козјо млеко, произведено во Македонија и е идеална за здрава и оштетена кожа“, вели сопственикот Сашо Стаменковиќ.

15-11-fedor-sapuni2

Тој посочува дека свеста кај потрошувачите за квалитетот на производите кои ги избираат е се’ поголема, а повеќето одбираат да платат и повисока сума за да добијат поквалитетен производ. Користењето органска храна, мед, пијалаци и козметика, кои се произведуваат без употреба на хемикалии и во чиста околина, во последните години станува секојдневие за поголем круг купувачи.