Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Порталот E! News направи статистички попис на информации кои веројатно сите оние обожаватели на подолу споменатите и опфатени во листата славни фаци веројатно не ги знаеле (и не можеле да ги знаат).
Темата и податоците се малку скокотливи – колку години имале холивудските ѕвезди кога прв пат имале сексуален однос и ја загубиле невиноста. Статистиката оди вака.
Планетарно популарната манекенка Кејт Мос истакнува дека имала само 14 години кога прв пат имала секс. Потенцира дека тоа се случило пред да влезе во светот на модата и манекенството.
Џо Џонас, некогашниот член на тинејџерскиот бенд Brothers, денес самостоен музичар, вели дека прв пат имал секс на 20 години. Џонас призна дека и претходно имал „афери“, но дека првото вистинско сексуално искуство го доживеал за 20-тиот роденден.
Адриана Лима ја чуваше невиноста за „оној вистинскиот“. Истакна дека невиноста ја загубила на 27 години, откако се омажи за бившиот српски и НБА кошаркар, Марко Јариќ.
Џорџ Клуни за Rolling Stone откри дека имал само 16 години кога се впуштил во првата сексуална авантура. Сепак, неколку пати нагласи дека бил премлад за такво нешто.
Оскаровецот Метју Меконахи невиноста ја загубил на само 15 години, но со медиумите не сакаше подетално да разговара за таа тема.
Меган Фокс имала 17 години кога прв пат имала секс со, како што го нарекува, својот прв вистински дечко. Интересно е да се истакне дека Меган за првиот секс кој го имала, за разлика од другите потоа, воопшто не бил непријатно искуство.
Џони Деп, секс симболот на многу генерации и сон на многу жени, е рекордер на оваа листа. Како што тврди планетарно познатиот актер и музичар, прв пат имал секс кога имал 13 години. Овој податок во јавност прв пат го откри во 1998 година, во интервју за Rolling Stone. Исто така, истакна дека во тоа време експериментирал и со разни опијати, па не се сеќава многу детално на првото сексуално искуство.