Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Холивудскиот убавец Џон Стамос, познат по улогата вујко Џеси Катсаполис од хумористичната серија „Полна куќа“, го чека своето прво дете и тоа на 54 годишна возраст.
Тој призна дека заедно со неговата партнерка Кеитлин разговарале на таа тема, но дури сега работите си дојдоја на висстински место рече тој и додаде дека и двајцата имаат слични ставови за животните вредности, па така еден со друг рекоја „Ох, па сега би можеле да имаме и семејство“.
Овој пар се вери во октомври оваа година и тогаш цел свет сведочеше за нивната љубов, иако долго му требало да ја запроси, а тоа конечно го направи во Дизниленд.
„Тогаш на ред дојде и темата за деца“ кажува и признава дека таа тема ја започнла неговата 31 годишна вереница, а тогаш бебето „едноставно се случило“, се нашали тој.
Така потклекна уште еден славен актер кој долго не беше сигурен дека ќе му се случи да биде родител.