„Холивудскиот Супермен“ најден мртов во контејнер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актерот Кристофер Денис, познат по прекарот „Холивудскиот Супермен“, пронајден е мртов во контејнер за фрлање стара облека.

52-годишниот актер цели 30 години го глумеше Супермен на Холивудскиот булевар, каде се фотографираше со туристите. Го прослави неговата огромна сличност со актерот Кристофер Рив, кој го играше ликот на Супермен во легендарното филмско издание од 1978 година.

Денис беше пронајден мртов во саботата наутро во долината Сан Фернандо, како главечки виси во контејнер за облека. Полицијата тврди дека неговата смрт не е сомнителна, но иницираа истрага со цел да откријат што се случило, пренесува Deadline.

Актерот последните години минуваше низ тежок период и живееше како бездомник.