Advertisements
Славни

Холивудската женска елита во сенка на Војвотката

Студеното време не ја спречи холивудската елита да се разголи за црвениот тепих на овогодинешните БАФТА награди. Сепак, онаа која предизвика најголемо внимание, не е актерка, туку принцеза.

Војвотката од Кембриџ и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам заедно се појавија на доделувањето на наградите, каде таа блесна во едноставен цветен фустан од колекцијата на Alexander McQueen.

Иако температурите во Лондон беа мошне ниски, Кејт реши да прошета на црвениот тепих без наметка.

Истото го направија и дел од холивудските актерки кои што повеќе сакаа да блеснат пред камерите отколку да се чувствуваат топло.

Advertisements
To Top