Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот холивудски актер, продуцент и режисер Џон Малкович во ексклузивна изјава за МТВ најави изградба на повеќе филмски студија во околината на Скопје, кои се дел од проектот „Скопје технолошки парк“.
– Многу сум возбуден што можам да го најавам овој проект, со колегите професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон да отвориме филмски студија со сертификати на Холивуд, со музичко-медиумски и еколошки стандарди во Скопје, прво такво студио на Балканот. Решивме да го наречеме проектот „Стоун бриџ студио“, во чест на богатата македонска историја – рече Малкович кој моментно се наоѓа на снимање во Заечар, Србија.
Тој рече дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.
– Цврсто верувам дека тој ќе биде од клучно значење за развојот на филмската уметност во регионот – вели Малкович.
Тој најави дека ќе го посети Скопје штом проектот ќе биде одобрен од Владата.
– Возбудени сме што ќе можеме во Скопје да снимаме холивудски филмови и што ќе можеме да придонесеме за подигање на нивото на сета балканска филмска и музичка продукција која е во подем – рече Малкович.