Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Две продукциски куќи, Анапурна и План Б, во соработка новинарите од „Њујорк Тајмс“ кои го открија секс скандалот во кој централна фигура беше холивудскиот продуцентски могул Харви Вајнстин, најавија дека планираат да снимат филм.
Проектот ќе се работи по урнекот на оскаровскиот филм „Под лупа“, кој што исто така претстави истражувачка новинарска сторија.
Клопчето околу приказната за случаите на сексуално вознемирување од страна на Вајнстин почна да се одмотува лани во октомври, што резултираше со отказ од неговата сопствена продукциска куќа, а подоцна и банкрот на истата.
Репортерите кои го разоткрија Вајнстин, Џоди Кантор и Меган Твохи, се добитници на овогодинешната Пулицеровата награда, токму за овој случај.