Холанѓаните се премисија – сега сакаат да ги видат Македонија и Албанија во ЕУ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Владата на Холандија сега дава поддршка за кандидатурите на Албанија и на Македонија за влез во ЕУ, иако во 2019 година го блокираше почетокот на преговорите заедно со Франција и Данска со двете балкански земји.

Владата и коалициските партии во Претставничкиот дом сега се залагаат двете земји, кои се надеваат на почеток на преговори за членство, да влезат во ЕУ, пишува холандски NL Times.

Почетокот на преговорите со Скопје го блокира ветото на Бугарија за спорот за јазикот и историјата, додека напредокот на Тирана на патот кон ЕУ е поврзан со напредокот на Македонија.

Во мај, Европскиот парламент побара од Европскиот совет Албанија и Северна Македонија да го започнат преговарачкиот процес, посочувајќи на „геостратешкиот контекст на односите со Русија и руската агресија против Украина“.

Холандскиот премиер Марк Руте сега се залага Албанија и Северна Македонија да го започнат преговарачкиот процес, објави холандската ТВ Телеграф (Де Телеграф).