Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Амбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп, отворено и в лице ни ја кажа суровата вистина за нашата актуелна внатрешна политичка состојба.
Коп вели дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што, како што рече блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската конвенција. Како што вели тој, пораката што се испраќа од тука е дека е дека ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности. Коп додава дека сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ, но не и Македонија.
„Што правите вие освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство?! Зошто вие не ги завршивте потребните реформи пред петнаесет години како и другите земји? Слушам дека Европската унија е виновна и дека членството е заедничка одговорност, како и тоа дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нѐ оставате нас да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници?!“, праша Коп.