Холандија среде Израел музички ја „покори“ Европа (и Австралија)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Да, токму така како во насловот на кратко може да се опише финалниот исход од овогодинешното издание на „Евровизија“ кое се одржа во Тел Авив.

Нашата претставничка Тамара Тодевска, која е прва пејачка што ја претставуваше нашата земја под новото уставно име Северна Македонија, буквално издоминира до последен момент, рамо до рамо со шведскиот претставник. Во последен момент, пресудни беа поените од гласовите од публиката кои го одлучија победникот. А тој беше Данкан Лоренс, претставникот на Холандија, која по 44 години повторно ќе ја добие улогата на организатор на „Евровизија“.

Лоренс со песната „Аркаде“, собра вкупно 492 бода од стручното жири и публика и победи на годинашната манифестација во Тел Авив. Музичкиот спектакл во Израел го збогати американската поп ѕвезда Мадона која неколкуминутниот настап го наплати со 1,5 милиони долари, а кој генерално може да се квалификува како разочарување (социјалните мрежи буквално зовреа после настапот на Мадона со негативни коментари).

Начинот на одлучување на конечниот победник и моделот на гласање кој има клучна улога во тој поглед, во последен момент Тамара од наизменичната прво и второ место ја пласираше на осмата позиција во генерален пласман со вкупно освоени 295 поени.

Во најголем дел од јавувањата од телевизиските центри беше во убедливо водство што го презеде по 13 јавување, а на крајот заврши на второто место со два бода помалку од Шведска по изјаснувањето на израелското жири.

Македонската песна доби гласови од 36 земји учеснички од вкупно 41 на Евровизија 2019. Најмногу (12) доделија Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија. Десетки дадоа Норвешка, Италија, Унгарија, Хрватска, Ерменија и Данска, а бодови освои и од Португалија (5), Азербејџан (8), Малта (3), Сан Марино (1), Холандија (3), Црна Гора (7), Полска (8), Р. Ирска (5), Романија (7), Австралија (7), Русија (4), Германија (7), Исланд (8), Грција (1), Летонија (8), Чешка (7), Франција (7), Финска (7), Словенија (2).