Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холандските и германските супермаркети денеска масовно од своите полици повлекуваат хемиски загадени јајца, со што им е предизвикана милионска штета.
Најголемиот ланец на супермаркети во Холандија „Алберт хејин“ ја запре продажбата на 14 видови јајца во согласност со одлуката на холандската Управа за безбедна храна. Сите јајца, според најавите ќе бидат вратени во магацините и ќе бидат уништени.
.За хемиското загадување се дозна откако одгледувачите на живина во Холандија побараа помош од здружението Chickfriend, спецјализирано за искоренување на паразитите кои ја напаѓаат живината. Тоа претпријатие во својот производ за уништување на паразитите користело и состојка фипронил, која често се користи во ветеринарските препарати против болви, гниди и крлежи, но е забранета при лечење на животните кои се користат за исхрана.
Светската здравствена организација оцени дека фипронил во поголема количина е умерено отровен за луѓето, бидејќи може да им наштети на бубрезите, јетрата и тироидната жлезда.
Аферата ја погоди и Германија, која увезла холандски јајца и каде исто така почна да се стопира нивната продажба.