Хокеарката Јулија Ушкакова е повредена – дали забележувате каде?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Руската хокеарска екипа Спартак Москва се најде на удар на критики и обвиненија за сексизам поради фотографијата од нивната повредена хокеарска лидерка која ја објавија тие, а на која таа е фотографирана само по танга гаќички, без ништо друго на себе. Добро, има завој, ама тоа веќе не е облека.

Потегот на Спартак Москва предизвика различни реакции на социјалните мрежи. Додека фотографијата од речиси голата хокеарка Јулија Ушкакова, која го исчаши глуждот, кај едни предизвика воодушевување, други овој кадар го сметаат за исклучително непримерен и непристоен.

На фотографијата која стана вирален хит, Јулија лежи на болнички кревет речиси гола, облечена само по танга, а корисниците на социјалните мрежи и неколку дена после објавувањето на истата се расправаат и ја коментираат фотката.

Добро, фер е да се каже дека фотката сама на Инстаграм си ја објави токму Јулија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия Ушакова (@yulia_ushakova) on

Инаку, Јулија на Инстаграм е ѕвезда која ја следат над 370.000 корисници. Иако на Твитер профилот од Спартак наведуваат дека станува збор за напаѓачката која се опорави од повредата на глуждот и е спремна за следниот натпревар на домашен терен, Јулија на Инстаграм се опишува себеси како „заштитно лице на Спартак“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия Ушакова (@yulia_ushakova) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия Ушакова (@yulia_ushakova) on