Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
САД ќе го зголемат својот ангажман на Балканот, за да го заштитат од негативните влијание на Русија. Ова го изјави заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји.
Според него на овој начин ќе се зачува стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот. Ова ќе биде и целта на посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс во Црна Гора на почетокот на месец август. Таму тој ќе разговара со владините и државните раководители на земјите од Западен Балкан. Во исто време Стејт департментот ќе продолжи со своите активности во регионот, истакна Хојт Брајан Ји пред радио Voice of America (VOA).
„Кога станува збор за заедничките интереси во регионот, како тероризмот пример, САД ќе соработуваат тесно со Москва. Но, таму каде што Русија и САД имаат спротивни интереси, Вашингтон одлучно ќе ги брани своите интереси и вредности на сојузниците. И токму тоа го правиме во моментов“, рече американскиот дипломат.
„Ние преземаме чекори, кои имаат за цел да ги зајакнат земјите од регионот во однос на штетните влијанија, како од страна на Русија, така и од други земји и фактори. Ова се прави со цел да се убедиме дека ниту Москва ниту пак некој друг играч нема да успее да протурка штетно влијание во внатрешната и надворешната политика на балканските држави“, истакна заменик-помошникот на државниот секретар на САД.
Претходно Ји направи мрачна прогноза за иднината на Балканот. Во интервју за весникот NIN американскиот политичар коментира дека во наредните три децении земјите од регионот нема да ги достигнат просечните нивоа на показателите на земјите од Заедницата.