Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Заменикот на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Брајан Хојт Ји, отворено и без задршка изјави дека проширувањето на ЕУ до 2025 година воопшто не е реално, а штетно е што Западниот Балкан глуми дека спроведува реформи, пренесува Фокус.
„Нема потреба да се откажува од евроинтеграциите, но важно е да се биде искрен какви се изгледите на тој пат. Затоа што преправањето дека тоа е извесно и оти некои земји можат да станат членки до 2025 година, не само што им одмага на оние кои треба да спроведуваат реформи, туку ги охрабрува и клептократите, корумпираните функционери да им велат на луѓето дека членството ќе се случи за две, три, пет години и им дава повеќе кислород отколку што заслужуваат“, рече Ји на собирот „Решавање на нерешливото на Западен Балкан“ во Вашингтон.
Тој додаде дека меѓународната заедница моментално нема јасна стратегија за Западен Балкан и оти ЕУ и САД на регионот не му го придаваат значењето кое би требало, како и дека е важно ЕУ и САД да имаат единствен пристап.