Хојт Ји: Нема да бидам американски амбасадор во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Aмериканскиот заменик помошник државен секретар, Хојт Брајан Ји, во ексклузивно интервју за телевизијата „N1“, ги отфрли наводите на повеќе домашни и регионални медиумуи дека ќе биде нов американски амбасадор во Македонија, односно дека на таа позиција ќе го замени Џес Бејли.

„Многу сум горд на тоа што ја вршам функцијата заменик помошник државен секретар и задоволен сум со тоа што го правам. Драго ми е што можaм да потврдам дека и натаму ќе бидам на оваа функција“, рече Хојт Ји на прашањето дали ќе застане на чело на американската амбасада во Скопје.

Неодамна, дописникот на „Ал Џезеира Балканс“ од Вашингтон извести дека добил потврда од Стејт департментот оти Хојт Ји ќе го замени Џес Бејли, кој е амбасадор во Македонија од 2014 година, но сега американскиот заменик помошник државен секретар лично ја демантираше ваквата информација.

Инаку, во интервјуто за телевизијата N1, Хојт Ји истакна дека еден од главните интереси на САД во Западен Балкан е да им се помогне на земјите од регионот да се интегрираат со останатиот дел од Европа и да изградат просперитетна, демократска и стабилна иднина.