Хојт Ји: На Балканот му се потребни реформи над партиските интереси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Заменик помошникот американски државен секретар Хојт Брајан Ји порача од меѓународниот самит во Будва дека политиката на САД кон регионот не е доведена во прашање, како ниту политиката на отворени врати на НАТО.

Коментирајќи ја улогата на Русија во регионот, рече дека „пристапувањето во НАТО ја засилува конзистентноста на политиката кон Западен Балкан, но и дека ја открива решителноста на Русија и нејзините сојузници да ги засилат своите махинации да го поткопаат напредокот на Балканот во придружувањето кон НАТО и ЕУ.

Хојт Ји во таа насока го наведе „дрскиот план за Подгорица, поддршката на движењата во Босна, активните напори да се изолира Косово“.

Американскиот претставник оцени дека на регионот му е потребна промена која би довела „силно лидерство, почитување на правото, придржување до демократските норми“.

„Лидерите мораат да имаат политичка храброст да изведат непопуларни, но неопходни реформи, во интерес на своите граѓани и тие интереси треба да ги стават пред интересите на партиската политика“, заклучи Ји.