Höfner започна глобална потрага по бас-гитарата од Пол Макартни украдена пред 50 години


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Баварскиот производител на музички инструменти Karl Höfner GmbH & Co. KG иницираше глобална потрага по гитарата на славниот музичар Сер Пол Макартни украдена пред повеќе од 50 години.

Леворакиот басист на една од најголемите музички групи на сите времиња Битлс, бас гитарата Karl Höfner 500/1 ја купил во 1961 година во продавница во Хамбург. Макартни на неа свирел две години и на првите два албума на Битлси.

„Гитарата најверојатно е украдена. Ја нема повеќе од 50 години. Сега дојде време да ја пронајдеме“ – изјави Ник Вас од фирмата Хофнер.