Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Психолошкиот трилер во режија на Тод Филипс достигна неверојатен успех во 2019 година по што стана еден од најпрофитабилните и најбрзо растечките R-rated филмови на сите времиња, надминувајќи ги претходните рекордери „Deadpool 2“ и „It“.
Филмот нурна длабоко во испревртената психа на Артур Флек, попознат како култниот негативец „Џокер“ кој го толкуваше Хоакин Феникс, и ги воодушеви фановите на филмската уметност. Продолжението на филмот „Џокер“ ќе се појави во кината ширум светот на 4 октомври 2024 година, соопшти портпаролот на филмската компанија „Warner Bros“.
Хоакин Феникс повторно ќе ја игра главната улога во продолжението на „Џокер“: Лудило за двајца“, пренесува „Ројтерс“.
Феникс доби Оскар за најдобар актер во 2019 година за улогата на Џокер. Други детали за продолжението на филмот сè уште не се соопштени од „Warner Bros“.
Списанието „Variety“ сепак објави дека новиот филм ќе биде мјузикл, а се очекува улогата на соработничката на Џокер, Харли Квин, да ја игра Лејди Гага.