HMD Global ја претстави новата Nokia 150


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот сопственик на Nokia, компанијата HMD Global, го претстави нов модел на познатиот фински бренд под името Nokia 150.

Nokia 150 не е смартфон, а изгледот на овој телефон е речиси идентичен на моделот 216, кој е последна верзија на Nokia на Microsoft, пишува Engadget.

Уредот има екран од 2,4 инчи, VGA камера и батерија која може да трае 22 часа.

Компанијата HMD неодамна објави дека ќе претстави телефони и таблети со оперативен систем Android, но овие уреди најверојатно ќе се појават во првата половина на 2017 година.