Хитовите од Мајкл Џексон згаснаа на радиостаниците во Нов Зеланд, Австралија и Канада


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралиските, новозеландските и канадските радиостаници целосно ја исфрлија од етер музиката од починатиот крал на поп музиката, Мајкл Џексон. Овие мерки кон неговата музика следеа како резултат на најновите обвинувања и сведоштва дека тој сексуално злоупотребувал деца.

Сиднејската радиостаница „NOVA Entertainment“ јавно објави дека ќе прекине да емитува песни од кралот на поп музиката поради мислењето на јавноста.

Потегот следува по премиерата на документарецот на Ејч-Би-О, „Напуштајќи ја Недојдија“, во кој двајца мажи говорат како Џексон со години сексуално ги злоупотребувал. Филмот сѐ уште не е емитуван во Австралија.

Истото го направија и две најголеми новозеландски радиостаници, „Mediaworks“ и „NZME“. Тие дополнително објаснија дека не судат дали Џексон бил виновен за педофилија или не, туку само се дистанцираат од неговата музика поради нивните слушатели.