Хитот на годината руши рекорди – луѓето преплашени бегале од кино салите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првиот викенд од кино проекциите, филмот „Joker“ крена многу прашина, а странските медиуми пришуваат дека многу од гледачите си заминале од кино салите за време на проекциите бидејќи филмот премногу ги вознемирил.

Само во петокот, во рамки на Америка, филмот заработи 39,9 милиони долари, а до крајот на минатиот викенд заработи 94 милиони долари во САД и над 234 милиони долари ширум цел свет.

За некои од гледачите мрачната и насилна приказна во која Хоакин Феникс го игра ликот на кловнот Артур Флек, кој подоцна станува еден од најголемите непријатели на Бетмен, сепак била малку отповеќе страшна и насилна.

„Само што си заминав од проекцијата на Joker. Беше престрашно со оглед на тоа што сè се случува околу нас, мислам дека филмот го велича оружјето менталните проблеми“, напиша еден гледач.

„Само што си заминав од Joker. Не сум бил толку исплашен во кино веќе некое време“, додаде друг.

„Никогаш не сум си заминал од кино, но со Joker бев многу блиску да го направам тоа“, напиша трет.

„После еден час од филмот, ќе си заминев, но не ми дозволи сопругата. Немојте, луѓе“, коментираше четврт.

Феникс и режисерот Тод Филипс во нивни интервјуа за медиумите го бранеа филмот, изјавувајќи дека веруваат дека публиката знае да разликува добро и зло. Филипс додаде дека е изненаден од реакциите за „Joker“, бидејќи презел мерки за да ги истакне „импликациите на насилство во реалниот свет“, нешто кое во филмовите и цртаните филмови инаку не се прави.

Во текот на њујоршкиот филмски фестивал, Филипс изјави дека неговите прикази на насилство имаат дистанца од глорифицирање кое може да се види во другите филмови.

Иако американската полиција е на штрек, засега проекциите на „Joker“ поминаа без поголеми инциденти.