Хит серијата „Чернобил“ го запали туризам во Чернобил и Припјат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако мини-серијата во продукција на НВО, ,,Чернобил”, го освои светот и стана најдобро оценета серија во историјата на IMDB, но доби и многу пофални критики и оцени и од други релевантни филмски инстанци, таа ја разгоре и љубопитноста на голем број обожаватели на серијата за самото место каде се има случено најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото.

Илјадници луѓе од сите делови на светот сакаат да го видат местото на најголемата нуклеарна катастрофа на електраната Чернобил.

Во градот Припјат, кој во времето на дефектот на нуклеарната електрана имал 600.000 жители , сè е оставено како кога се евакуирале во 1986 година.

Чернобил е отворен во 2011 за туристи, но до сега таму одеа само групи авантуристи.

Наместо на летен одмор на плажа , луѓето одат на местото на смрт и трагедија , каде илјадници загинаа од радиоактивното дејство на нуклеарната централа , која изгоре во најголемата хаварија во историјата.