Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако српскиот премиер Александар Вучиќ и српскиот претседател Томислав Николиќ се сретнаа со косовскиот премиер Иса Мустафа и косовскиот претседател Хашим Тачи на разговори во Брисел, ситуацијата на релација меѓу Белград и Приштина продолжува да се влошува.
По втората рунда разговори, која според повеќето европски медиуми заврши без резултат, српските државници свикаа низа итни состаноци.
Дојче веле, на пример, повикувајќи се на неименувани извори, пренесва дека средбата целосно пропаднала. Белградските електронски медиуми, пак, истакнуваат дека растат стравувањата дека Приштина не се откажува од идејата за напад врз Србите на северот на Косово.
На ова реагираше и Европската Унија, која побара од Белград и Приштина да ги смират тензиите и да се придржуваат до договорот за избегнување на запаливи изјави и реторики и да се фокусираат на работата пред нив.
Изгледа дека апелите од Брисел не влијаат на дел од српските медиуми, кои со хистерични наслови практично повикуваат на војна со Косово.
Курир, на пример, предупредува дека Албанците подготвуваат војна. Новости порачува дека косовскиот претседател Тачи сака да војува поради потпорен ѕид. На насловната на Информер пишува дека Путин предупредува на координиран напад врз Република Српска и северот на Косово. Српски Телеграф тврди дека Косово подготвува војна и порачува дека ги чекаат 20.000 Срби.