Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Непалскиот алпинистички водич, Ками Рита, е нов светски рекордер во сферата на искачувања на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, со неговиот подвиг кој го направи искачувајќи го покривот на планетава два пати во само една недела. Рита досега го има искачено вкупно 24 пати фамозниот Чомолунгма.
Ками во четвртокот на 16. мај се искачи на покривот на светот од јужната страна , а во вторникот утрото на врвот стигна водејќи група индиски алпинисти.
Непалскиот шерпас кој работи за , Seven Summit Treks, организатор на експедиции со седиште во Катманду, им помага на странските алпинисти да стигнат на Монт Еверест. Ками Рита вели дека ќе се повлече од оваа работа кога на Монт Еверест ќе се качи 25 пати.
Последниот пат на височина од 8 848 метри се искачил преку гребенот на југоисточната патека.