High Away од Полска се рашетаа низ Македонија – еве кај прошетаа и што снимија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Авантуристичките видео снимки направени со GoPro и аматерските кратки документарни туристички филмчиња се во вистинска експанзија и го имаат достигнато врвот на популарноста.

Речиси и да нема група авантуристи, планинари или урбани туристи кои се шетаат по светот, а сето тоа да не го документираат низ видео материјали и фотографии.

На тој начин, се добива двоен бенефит – како за гледачите, така и за местата. Ем ние си добиваме одлични и забавни видео снимки за гледање низ кои уживаме во авантурите на туристите-протагонисти, ем се прави одлична и бесплатна реклама и промоција на туристичките дестинации, планински масиви и врвови, градови, села, природни убавини, урбани области, гастрономски уникатности и сето друго кое е попатно снимано и забележано.

Група полски авантуристи кои се групирани под името High Away се рашетаа низ нашата красна Македонија и додека уживаа и се забавуваа, снимаа во што и како уживаат. Еве каде сè беа, што снимија и како си поминаа.