Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите кои ги пренесе Марјан Забрчанец, специјален советник на премиерот, пред неколку дена се случил „хибриден напад“ врз кабинетот на Зоран Заев, извршен од лица кои се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко, пренесува Мета.
Забрчанец ова го соопшти на денешната Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“ истакна Марјан Забрчанец, при што истакна дека премиерот наводно се спосомневал во автентичноста на разговорот, но сепак решил да го доврши.
Според Забрчанец, овој напад бил „пософистициран од оној неодамнешниот на руските пранкстери“. Тој вели дека напаѓачите се јавиле од „брендирани канали“ и од американски телефонски број, но дека проверката која траела неколку дена покажала дека се работи за „хибриден напад“. По проверката било известено и семејството Тунберг.
Разговорот бил закажан преку македонско дипломатско претставништво.