Хет трик во осум минути и импресивно фудбалско шоу на Алиоски (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го запиша своето име во историјата на швајцарскиот фудбал, откако во неделата, постигна три гола за само осум минити.

Лугано, во 27.коло во швајцарската Супер лига, го совлада Сион со 4:2, а Алиоски ги постигна првите три гола на натпреварот. Македонскиот репрезентативец во периодот од 17.та до 25-та минута постигна три гола (првиот и третиот од пенал).

Ова е најбрзиот хет-трик во историјата на швајцарската Супер лига.

До крајот на полувремето Сион успеа да го намали резултатот на 3:2 со головите на Конате и Констант, а точка на натпреварот стави Садику во 49.минута.

По 27 натпревари во првенството Лугано е на петтото место со 34 бодови, а Алиоски со 13 голови е втор стрелец во лигата.