ХЕРОЈ: Македонија го слави 12 годишниот Марко – ГО ПРЕПЛИВА Охридското езеро! (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Охрид утрово го започна подвигот за препливување на Охридското Езеро и успеа после повеќе од 8 часа.

Ова момче со челична волја заплива во езерските води околу 9.30 часот кај Св. Наум и по осум и пол часови битка со временските неприлики и езерските струи, Марко успеа во својот херојски подвиг.

Подвигот на храбриот пливач Марко е дотолку поголем ако се земе предвид дека тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но како што вели, тоа не му претставува пречка да го оствари својот голем сон, да го преплива Охридското Езеро.

Илјадници охриѓани со аплауз и со голема поддршка го дочекаа новиот макеоднски херој. Секоја чест!

Видео:Ohridnews.com