Хенес: Казни за фудбалерите кои не знаат германски!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателот на Баерн, Ули Хенес најави казнени мерки против фудбалерите кои нема да покажат интерес за учење на германскиот јазик, и така да си ја олеснат комуникацијата во минхенскиот клуб.

Тимот на Баерн е составен од голем број на странци, кои во иднина ќе мораат да научат германски за полесно да се вклопат во тимот.

„Основен јазик во соблекувалната повторно треба да биде германскиот. Во спротивно собекувалната ќе се подели на мали групи. Лошо е кога не можете да учествувате во разговор. Доколку сакате да се интегрирате во клубот, мора да научите германски. Доколку не сакате, му давате знак на клубот дека на него гледате само како на ’отскочна даска’“, истакна Хенес, а потоа даде и пример.

„Кога Франк Рибери стигна во Баерн го гледаше клубот како ’отскочна даска’. Но, подоцна свати колку е важен Баерн, па научи германски. Тоа треба да стане правило. Ако некој играч не сака да научи германски ќе биде казнет“, додаде Хенес и на крајот го пофали Анчелоти како одличен пример.