Хендерсон: Спремен бев да го „убијам“ Суарез


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон откри случка од полетокот на неговиот престој на „Енфилд“ со тогашниот соиграч Луис Суарез.

Уругваецот пристигна во Ливероул во јануари 2011 година, а неколку месеци подоцна и Хендерсон се пресели на „Енфилд“, тогаш како 20-годишен фудбалер.

„Се обидував да го давам најдоброто од себе си. Штом се фудбалер секогаш има критики и луѓето се сомневаат во тебе цело време. Тогаш бев млад играч и имаше една работа која Луис ја правеше на тренинзите, а која не ми се допаѓаше. Тој ги дигаше рацете како да сакаше да каже дека местото не ми е во тој тим. Тоа навистина ме поведи, го направи три пати, а потоа избувнав и бев спремен да го убијам“, раскажува Хендерсон.

„Меѓутоа, од тој момент понатаму имав добри односи со Луис. Во следниот меч му асистирав за гол, а после тоа тој се однесуваше одлично со мене и многу се сближивме. Тој беше уште еден голем играч од кого учев“, додаде Англичанецот.