Хемикалиите од секојдневниот живот и нивното влијание врз нашето здравје


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Изложеноста на мали дози на хемиски соединенија кои пречат на хормоните, резултира со огромни трошоци за американскиот здравствен систем, кој за санирање на овие последици издвојува годишно најмалку 340 милијарди долари, покажа еден нов извештај.

Тие хемикалии ги има во илјадници секојдневни производи, од пластика до метализирани пакувања за храна, средства кои штитат од воспаленија, играчки и козметика.

Меѓу најчестите последици се невролошките оштетувања и проблеми со однесувањето, вклучувајќи и нарушување на вниманието и хиперактивност, аутизам и пад на коефициентот на интелигенцијата, велат научниците во трудот објавен во списанието „Лансент Дијабетес енд Ендокринолоџи“.

Невидливите опасни хемиски соединенија исто така можат да поттикнат дебелина, шеќерна болест, некои видови на карцином и машки стерилитет, како и болна ендометриоза.

– Нашето истражување е најново во сите бројни докази за исклучителната финансиска и човечка цена на хемикалиите кои влијаат на хормоните, вели директорот на истражувањето Леонардо Трасанде од Њујоршкиот универзитет.

Тој додаде дека тоа има потенцијал да се развие во многу поголемо здравствено и економско прашање, ако не се преземат потребни мерки.

Најголемите виновници меѓу хемиските соединенија се заштитните средства кои спречуваат воспаленија, бисфенолот А и фталатите.

Според претходните истражувања, хемикалиите кои пречат на хормоните на подрачјето на Европската унија предизвикуваат финансиска штета од околу 271 милијарди долари, односно околу 1,28 отсто од БДП на ЕУ.

Заштитните средства против воспаленија кои се ставаат на американскиот мебел се забранети во ЕУ во 2008 година, па во Унијата главни виновници за заболувањата се пестицидите.

Нивната употреба пак во САД е ограничена поради многу построгите прописи.