„Help Connect“ иновативен систем на Bosch кој автоматски повикува помош во случај на сообраќајна несреќа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Германската компанија Bosch развила иновативен систем под името „Help Connect“ кој автоматски повикува помош доколку детектира дека се случила сообраќајна несреќа.

„Help Connect“ системот е наменет за мотоциклистите и осмислен за побрзо да добијат помош за да им се спаси животот, што е најважната работа. Податоците покажуваат дека бројот на настрадани мотоциклисти е за 20% поголем во однос на возачи на автомобили.

Системот „Help Connect“ се потпира на сензор кој го мери забрзувањето и собира информации за позицијата на мотоциклот во секој момент.

Алгоритамот за несреќи е интегриран во сензорот и благодарение на тоа се откирива дели се случил судир или пад и во случај на сообраќајна несреќа локацијата и информациите за возачот се праќаат во сервисниот центар на Бош, додека кај потешките несреќи системот автоматски повикува брза помош.

Овој систем првобитно ќе биде достапен во Германија а подоцна и пошироко, јавува „Engadget.“.