Хеликоптерски транспорт на обвинетите од „Диво насеље“ – Кривичен засилено обезбеден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Засилено полициско обезбедување претпладнево пред и во Кривичниот суд каде што денеска треба да биде соопштена пресудата за настаните во кумановската „Диво насеље“ во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

МВР уште во текот на вчерашниот ден објави а денеска спроведе мерки за воведување на посебен сообраќаен режим на потегот околу судот, па улиците беа речиси затворени а сообраќајот се пренасочуваше.

Обвинетите во случајот од повеќе затвори низ Македонија се спроведуваа во Судот.