Хелена Роза во Бијонсе стил се пофали со трудничкото стомаче: Чекам второ дете


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познатата водителка Хелена Роза, која веќе некое време заедно со својот сопруг Игор и ќерката Кјара живеат во Нов Зеланд, по вторпат ќе стане мајка.

Радосната вест Хелена ја сподели на социјалните мрежи каде што објави фотографии од нејзиното бремено стомаче.

– По вторпат ќе станам мајка. Пресреќни сме сите. Нашата фамилија ќе биде поубава побогата и посреќна за уште еден ангел – стои како коментар на фотографијата.

Инаку, ова ќе биде прво дете на Хелена и сопругот Игор, додека Кјара е од првиот брак на познатата поранешна водителка.