Хејли Болдвин и Вини Харлоу се нови глобални амбасадорки на Tommy Hilfiger


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Моделот Хејли Болдвин и модната активистка Вини Харлоу се новите глобални амбасадорки на модниот бренд Tommy Hilfiger. Во рамки на кампањата која ги слави иконите на иднината во светот на модата, уметноста, музиката и забавата тие ќе се појават во својство на заштитни лица на колекцијата Tommy Icons.

Хејли Болдвин и Вини Харлоу, како два најбарани супермодели на светот, стануваат икони на иднината бидејќи успеаја да ја освојат публиката со силната внатрешна сила и жар. Тие ја предводат следната генерација на Tommy Hilfiger жени, бидејќи кон сè пристапуваат со многу доверба и оптимизам. Овие заеднички квалитети и вредности се причина поради која сум возбуден што им посакав добредојде во нашето семејство“, изјави Томи Хилфигер.

Вини Харлоу на доделувањето на „Модните награди“ во 2017 година беше номинирана за модел на годината. Има витилиго (состојба која предизвикува депигментација на делови од кожата), а е страсна во поглед на славење на индивидуалноста и промоција на позитивната слика за женското тело.

„Секогаш сум верувала во моќта на прифаќањето на она што некои ги прави уникатни и кршење на конвенциите. Затоа сум горда поради соработката со неверојатниот дизајнер кој навистина го дели овој дух“, изјави Харлоу.