Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Обединетите Арапски Емирати оваа година ќе го „скршат“ небесниот лимит над нив и на 25 септември ќе го испратат својот прв астронаут во вселената.
Во игра се двајца астронаути – Хаза ал-Мансури или Султан ал-Најади, соопштија властите на оваа земја.
Тој ќе биде испратен на Меѓународната вселенска станица, но се уште не е одлучен кој точно од нив двајца, иако владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, нивните имиња ги обелодени уште минатиот септември.
ОАЕ има амбициозна вселенска програма и сака да го колонизира Марс до 2117 година, каде според нивните планови би бил формиран целосно функционален град за 600.000 жители.