Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Снимањето на новиот филм за Терминатор, во кое главната улога ќе ја имаше Арнолд Шварценгер, е откажано, со што се завршува повеќедецениската филмска франшиза.
Според написите на New York Daily News, снимањето на новото продолжение е откажано и покрај успехот на последниот филм
„Дојде крај за Терминатор и Шварценегер. Студиото целосно го откажа продолжението, што значи дека веќе не планираат да го снимаат“, наведува изворот.
Петтото и последно продолжение, Terminator Genesys, заработи 409 милиони долари ширум светот, и покрај тоа што не ги импресионираше Американците, бидејќи на кино салите во САД донесе помалку од 100 милиони долари.
За ова последно продолжение имаше шпекулации дека ќе биде одложено, откако беше сменет датумот за премиерата, но сепак беше реализирано.
Paramount сега цврсто одлучи дека веќе нема да го снима Терминатор. Шварценегер се откажа од политиката и реалното шоу The New Celebrity Apprentice и продуцираше помали независни проекти.
Прв пат ја одигра улогата на Терминатор во филмот на Џејмс Камерон во 1984 година. Во второто продолжение објавено во 1991 година, Terminator: The Judgment Day, глумеше киборг кој треба да го заштити младиот иден лидер. Остана запамтен по култната реплика Hasta la vista, baby.
[…] Извор: Таратур.ком […]